Бока ја сака титулата без да го игра реваншот, најави нови жалби

by
1 минути читање

Бока Јуниорс
инсистира да им биде доделен трофејот без да го одиграат реваншот против својот
најголем ривал Ривер Плејт. Жалбата кон КОНМЕБОЛ не им помина, па тие сега
најавија нова, до судот за Спортска арбитража во Лозана.

Бока смета дека поради
случувањата пред реванш натпреварот Ривер треба да биде построго казнет и
реваншот да им биде службено препишан на нив по што би им бил доделен трофејот.

Дисциплинската
комисија при КОНМЕБОЛ ги отфрли таквите барања на Бока, го казни Ривер парично
со 400.000 долари и два меча од Копа Либертадорес да не ги игра на својот
стадион.

Јужноамериканската
фудбалска федерација одлучи и реванш натпреварот да се одигра во Европа, на
„Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Наместо празник
за фудбалот во Аргентина и светот, најголемото дерби меѓу Бока Јуниорс и Ривер
Плејт се претвори во сапунска серија на која не и се гледа крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани