Ривер-Бока сепак нема да се игра вечерва, мечот е одложен!

by
1 минути читање

Ривер и Бока сепак нема да ги одмерат силите вечерва. И покрај тоа што ФИФА и КОНМЕБОЛ инсистираа двете екипи да истрчаат на теренот, мечот на крајот е одложен за утре, и треба да започне во 21 часот по наше време.

Натпреварот беше доведен под знак прашалник откако навивачите на Ривер го нападнаа со камења и солзавец автобусот на Бока. Неколку играчи повраќале, а тројца се здобиле со повреди и исекотини од стаклото.

Ривер порача дека ќе ја поддржи одлуката на Бока доколку не сака да игра денеска, но ФИФА и КОНМЕБОЛ исистираа средбата да се одигра вечерва и откако неколку пати го поместија почетокот, беше најавено дека мечот ќе стартува во 23:15 часот по наше време.

Но откако играчите не се појавија, стигна порака дека паднал договор мечот да биде одложен за утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани