Дали Аргентина без Меси игра подобро? Икарди ја фали атмосферата

by
1 минути читање

Аргентина со 2-0 го победи Мексико, а Икарди конечно постигна гол за репрезентацијата. Тој ја фали атмосферата под водство на Лионел Скалони и неговите асистенти. Во составот овој пат го немаше Лео Меси.

„Ми недостасуваше гол, чекав на него и сега сум среќен. Не е лесно да играте без постигнат гол, притисокот е голем, но сега се надевам дека ќе продолжам вака“, вели Икарди.

„Ние сме навистина одлична група, можеме многу да напредуваме и среќни сме со работата на Скалони, Волтер Самуел и Пабло Аимар“.

„Се разбира, на федерацијата е да одлучи за нивната иднина, но можам да кажам дека сега атмосферата во националниот тим е како никогаш претходно“.

„Сега се чувствуваме комфорно и нешто многу важно се гради. Сум работел и под водство на претходниот менџмент, но никогаш не сум видел вакво пријателство и обединетост меѓу нас“.

„Меси? Тој е најдобриот фудбалер во светот и се надевам дека ќе дојде со нас, особено што пред нас е Копа Америка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани