Вардар ја зголеми предноста на врвот, Академија Пандев и Шкендија одиграа нерешено

by
1 минути читање

Денеска се играше осмото коло од Македонската фудбалска прва лига по кое Вардар ја зголеми предноста во однос на Академија Пандев на четири бода, а од актуелниот шампион Шкендија има пет бода повеќе.

И овој пат Лира беше херојот на црвено-црните, тој во 56. минута се најде во одлична позиција при една одбиена топка и ја смести во мрежата на Победа за водство од 1-0 кое на крајот значеше и триумф.

Дербито кое се играше во Турново меѓу Академија Пандев и Шкендија заврши без голови. Тетовскиот тим се наоѓа во криза по настапите во европските квалификации.

А во криза е и Работнички кои никако да победи, овој пат играа дома против Беласица и одиграа само реми 1-1. Романтичарите поведоа со гол на Херера во 27. минута, десет минути подоцна Ивановски изедначи.

Со 1-1 заврши мечот во Кратово меѓу Силекс и Македонија Ѓорче Петров, Ренова со 2-0 го победи Шкупи.

Табела по осмо коло: Вардар 20, Академија Пандев 16, Шкендија 15, Победа 11, Работнички 10, Ренова 10, Беласица 9, Македонија ЃП 7, Силекс 6, Шкупи 5.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×