Вардар е нов лидер, Победа направи сензација во Тетово

by
1 минути читање

Вардар по долго време повторно е лидер во македонската лига откако Академија Пандев и Шкендија ги загубија денешните натпревари во седмото вонредно коло.

Еден гол го реши мечот меѓу Вардар и Силекс, бразилското засилување Јуфо постигна прекрасен гол со волеј во 71. минута за победа на црвено-црните од 1-0.

Шкендија направи неочекуван кикс на домашен терен откако со 2-0 беше поразена од Победа. Мрежите еден час мируваа, а тогаш Набуезе погоди за водство на гостите од 1-0, триумфот го запечати Танушев со погодок на три минути пред крајот.

Академија Пандев која беше лидер загуби на свој терен од Ренова. Двоен стрелец за Ренова беше Стојановски.

Прва победа оваа сезона забележа Македонија Ѓорче Петров која со убедливи 3-0 го победи Работнички и ја продлабочи кризата на „романтичарите“. Стојчевски, Кировски и Божиновски беа стрелци за ѓорчепетровци.

Беласица со гол на Балдовалиев уште во седмата минута го победи Шкупи со 1-0.

Табела: Вардар 17, Академија Пандев 15, Шкендија 14, Победа 11, Работнички 9, Беласица 8, Ренова 7, Македонија ЃП 6, Шкупи, 5, Силекс 5.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×