Шест клубови имале скаути на Максимир да го следат настапот на Елмас

by
1 минути читање

Фенербахче доста
лошо стартуваше во Лига Европа, откако загуби убедливо со 4-1 на гостувањето
кај Динамо Загреб во рамките на првото коло од групата „Д“, каде се уште и
Спартак Трнава и Андерлехт.

Од едната страна
отсуствуваше Аријан Адеми, а Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути од средбата на
Максимир на која имало присуство на повеќе скаути од европски клубови.

Европски гиганти
ги проследија младите таленти од Динамо Загреб, а скаути имаше и за Елиф Елмас,
и тоа од Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Рома, Бенфика и
Спартак Москва
пишува „
Fotomac.

Од поодамна е
познато дека каталонскиот стратег од клупата на англискиот првак Манчестер
Сити, Пеп Гвардиола го постави нашиот Елмас како прва опција за засилување од
групата на фудбалери до 18 годишна возраст
, Македонецот утре ќе наполни 19 години а полека но
сигурно ги освојува симпатиите на големите гиганти низ Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×