Гол и асистенција за Тарајковски, два погодока на Несторовски, Палермо убедлив против Перуџа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Александар
Трајковски продолжува со одличните изданија, а во голгетерска форма влегува и
Илија Несторовски. Двајцата Македонеци попладнево беа главни на теренот и
помогнаа Палермо да стигне до убедлива победа од 4-1 над Перуџа.

Трајковски нафрли
од корнер во 14. минута, а Белуши погоди со глава за 1-0. Неколку минути
подоцна, Несторовски мајсторски пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-0.


Во 58. минута во
листата на стрелци се запиша и Александар Трајковски. По една одлично
одработена акција, новата 10-та на Палермо се најде осамен во петерецот и рутински
реализираше за 3-0. Десет минути подоцна, Несторовски од пенал погоди за 4-0,
додека пак гостите преку Драгомир стигнаа до почесен гол во 80. минута.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×