68
На натпреварот меѓу Бразил и Ел Салвадор, судијата му покажа жолт картон за симулирање фаул, а Нејмар се налути и реагираше со изјава по мечот.
„Не знам зошто морам да живеам со таква репутација? Сакам на ова да дојде крај што побрзо. Тоа е недостаток на почит, не само кон мене, туку и кон моите соиграчи. Мислам дека не е во ред тоа што го направи судијата“, вели Нејмар.
Пред пријателските мечеви на Бразил, Нејмар беше прмовиран во прв капитен на селекцијата, па јасно е дека ќе треба повеќе да внимава на своето однесување на теренот, но и надвор од него.