Синот на Симеоне дебитираше со гол за Аргентина: Татко ми ми рече… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Синот на легендарниот аргентински фудбалер и сегашен тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, Џовани беше стартер во мечот за Аргентина против Гватемала и остави одличен впечаток.

Тој даде еден гол, а по натпреварот изјави дека татко му уште како мал му велел дека ќе дојде денот кога ќе почне да игра за сениорската репрезентација на Аргентина.

„Како дете кога играв за Ривер Плата, татко ми ми велеше дека еден ден ќе бидам тука (репрезентацијата на Аргентина)“, изјави Џовани Симеоне.

„Имаше тензија и нервоза кај мене, имав неколку шанси за гол, постигнав еден и сум многу среќен, како и поради тоа што имам одлични соиграчи кои дадоа се од себе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани