Тите го повика 22 годишниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Андреас Переира, тој е бразилски фудбалер кој не е роден во Бразил туку во Белгија.
Досега само тројца фудбалери кои биле родени надвор од Бразил добиле повик од бразилски селектор. Андреас Переира е четвртиот, а поминале точно 100 години од претходниот ваков случај.
Тој им се приклучува на Сиднеј Пулен роден во Англија, Касемиро до Амарал роден во Португалија и Франсиско Полисеу роден во Италија кои играле за бразил во периодот од 1914 до 1918 година. Отогаш немало ваов случај.
Переира е повикан за натпреварите на Бразил против САД и Салвадор.
Переира до 2015 година играше за младите категории на Белгија, а потоа од ФИФА побара промена на спортското државјанство за да може да игра за Бразил.
„Моето срце е бразилско“, изјави Переира кој досега има одиграно девет натпревари за У20 и У30 репрезентациите на Бразил и постигнал три гола.