93
По првиот меч на Светското првенство на Калиниќ му беше покажана излезната врата од репрезентацијата откако тој одби да влезе на мечот со Нигерија.
Напаѓачот на Милан си замина од селекцијата, беше на одмор, а потоа се приклучи на подготовките на Милан. За тоа време неговите соиграчи направија историски успех, играа во финалето на Светското првенство во Русија и го освоија сребрениот медал.
Соиграчите и стручниот штаб одлучија и него да му го дадат сребрениот медал, иако тој се однесуваше недолично. Но Калиниќ одбил.
„Ви благодарам, но јас не играв во Русија“, „Спортске новости“ цитира изјава од Калиниќ.