Официјално: Ливерпул го комплетираше рекордниот трансфер на Алисон Бекер

by
0 минути читање

Откако денеска ги помина медицинските прегледи, Алисон Бекер стави потпис на договор со Ливерпул со што се официјализира неговиот трансфер од Рома.

Тој стана најскапиот голмански трансфер во историјата на фудбалот откако според медиумите Ливерпул за него плати 72,5 милиони евра.

„Навистина сум среќен, остварување на сонот е да носам дрес на вака престижен клуб кој секогаш сака да победува. За мене и мојата кариера ова е голем чекор напред. Можете да бидете сигурни дека ќе дадам се од себе“, изјави Алисон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани