Пјуник триумфално и во Скопје, Вардар елиминиран уште во првото коло

by
1 минути читање

Откако минатата
сезона беше историска и Вардар обезбеди настап во групната фаза од Лига Европа,
„Црвено-црните“ сега се сопнаа уште во првото коло.

Избраниците на
Васоски вечерва бркаа негатива од еден гол против Пјуник, но наместо да ги
израдуваат своите фанови, доживеаја нов неуспех, Ерменците стигнаа до триумф од
0-2 во Скопје.

Играта на Вардар
одново беше анемична и покрај иницијативата. Во првиот дел никако не успеававме
да креираме шанса за гол, и гостите беа поблиску до водство откако два пати
опасно се заканија, еднаш шутираа над голот од 11 метри а вториот пат Гачевски
одбрани.

„Црвено-црните“
продолжија да се мачат и во вториот дел, и кога кон финишот фрлија се на една
карта стигна казната. Балде најпрво погоди во 85. минута за 0-1 и крај на сите
дилеми, за потоа во 89. минута истиот играч да донесе уште поубедлива победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×