Домино ефект од трансферот на Алисон во Ливерпул, неколку екипи ќе ги сменат голманите!

by
1 минути читање

Овој летен преоден рок покрај трансферот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид ќе го одбележат и голманите, има најави дека повеќе екипи ќе имаат нови чувари на мрежата.

А се почнува со рекордниот трансфер на Алисон Бекер од Рома во Ливерпул. Црвените ќе добијат нов прв голман, а ќе се откажат од услугите на Дени Ворд кој се пишува дека ќе оди во Лестер.

Тој во Лестер ќе дојде на местото од Каспер Шмајхел кој ќе оди ниво погоре, ќе потпише за Челси.

Откако Челси ќе се осигура дека го има Шмајхел, треба да се реализира најавениот трансфер на Тибо Куртоа во Реал Мадрид.

Постој веројатност Кејлор Навас да замине од Реал Мадрид за да не биде во сенка на Куртоа, а со заминувањето на Алисон и Рома треба да ангажира нов голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани