„Мислам дека за прв пат сретнав млад вонземјанин“

by
1 минути читање

Франција стигна
до светската титула од Мундијалот во Русија каде во финалето со 4-2 беше
подобра од Хрватска, а Килијан Мбапе, младата ѕвезда на Триколорите имаше
фантастични перформанси за време на турнирот.

Неговите изданија
ги воодушевија многумина, тоа беше потврда на големиот талент кој го поседува
фудбалерот на ПСЖ, а своите импресии не ги криеше ниту Рафаел Варан, кој за
него издвои дека е вонземјанин, но млад.

„Познавам некои
вонземјани, но мислам дека ова е за прв пат да сретнам некој млад вонзејманин
“
вели Варан во изјава за Л
’Екип.

„Нормално е да
сретнете некој на 25, 30 годишна возраст, на Светското првенство јас видов
таков со само 20 години, со него се
’ оди брзо, кога зборувам со него за тактичките аспекти на играта пред
натпреварите, немам доволно време да се доискажам а тој веќе ќе ми ја сфати
поентата за што говорам
“ додаде тој.

Мбапе по крајот на турнирот ја освои наградата за најдобар млад фудбалер на истиот, на кој постигна 4 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×