Дешам посочи еден играч на Хрватска во својот говор на полувремето (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хрватска можеше,
но, не издржа против Франција во големото финале од Светското првенство во
Русија, на крајот Триколорите славеа со 4-2, а познати се инструкциите кои
Дешам им ги пренел на своите избраници за време на паузата каде резултатот гласеше
2-1 за неговиот тим, тој посочи еден играч на Коцкестите како главна опасност.

Тие го бараат
Манџукиќ, бидете внимателни околу него, тој може да ја добие топката со глава,
само бидете внимателни околу него. Не бидете статични за тој да има можност да
направи потег, сопрете го, мислете на тоа
“ беа дел од зборовите на Дешам.

Тие доаѓаат,
агресивни се, видовте и самите каква енергија даваат, играјте што е можно
поедноставно, доколку некој е до вас, постојано доаѓа и друг, додадете ја, што
е можно побрзо, дајте му ја на Килијан (Мбапе), Антоан (Гризман), приклучувај
се повеќе за време на контрите, остануваш заедно со напаѓачите, ни требаш како
опција
“ зборуваше тој и во однос на тактиката која треба да ја употреби
неговиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани