За малку од готово верисија, Шкендија поразена од ТНС со 4-0

by
1 минути читање

Малку фалеше ТНС
да приреди огромна сензација и да се врати по „петардата“ во Скопје минатата
недела. Шкендија веројатно мислеше дека се е решно по триумфот од 5-0, но „аматерите“
од Велс имаа други планови и најавија драма откако за 35 минути постигнаа три
гола.

Најпрво Еб
искористи една неспретност во одбраната на Шкендија и донесе водство од 1-0 во
15. минута, за по половина час игра, предноста да биде дуплирана преку Редмонд.
Следеше нов нокдаун само пет минути подоцна кога Кабанго се запиша во листата
на стрелци.

ТНС продолжи да
напаѓа и во вториот дел а Шкендија никако не успеваше да влезе во ритам.
Домаќините имаат неколку прилики за пеколна завршница, најзрелата му припадна на Раутлиџ,
кој ја погоди рамката од голот во 75. минута.

Домаќините
постигнаа нов гол, длабоко во судиското надополнување Брн реализираше за 4-0, но
немаше време за чудо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани