Хонвед сепак пресилен за Работнички, Шкупи одигра само 0-0 против Ренџерс

by
1 минути читање

Нема долго европско лето за Работнички и Шкупи, тимовите од Дебар Маало односно Чаир се
елиминирани уште во првото коло од Лига Европа.

Работнички успеа
да стигна до победа од 2-1 над Хонвед пред своите фанови, но попладнево
Унгарците го покажаа својот квалитет и забележаа убедлив триумф од 4-0.

Холендер го отвори
резултатот во 6. минута, а истиот играч зголеми на 2-0 десет минути подоцна.
Еден гол ги враќаше „Романтичарите“ во живот, но сите надежи за ново
изненадување беа срушени во 62. минута кога судијата досуди пенал и
му покажа црвен на Ерера. Данило погоди од 11 метри за 3-0, а потоа стави точка
на натпреварот со својот втор гол во 84. минута.

Вечерва чудо не
успеа да приреди ниту Шкупи, Чаирчани немаа сила да го изненадат славниот
шкотски клуб и покрај тоа што избраниците на Стивен Џерард не прикажаа ништо
посебно на гостувањето во Скопје.

Битката најчесто
се водеше на средината од теренот, имаше малку убав фудбал и 100% шанси па на
крајот резултатот беше оној почетниот, 0-0.

ФОТО: index.hu

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани