133
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги освои симпатиите на јавноста во својата земја откако ја предводеше до полуфиналето на Светското првенство во Русија.
Саутгејт беше хит и со елечето кое илијадници Англичани го купија, а последната вест за него е дека е има метро станица со неговото име.
Оригиналното име на станицата е „Саутгејт“, а во наредните 48 часа таа ќе биде „Герет Саутгејт“ во чест на англискиот селектор.
Ова е еден од начините на кои Англичаните ми се заблагодаруваат на селекторот за доброто Светско првенство.