Сампаоли повеќе не е селектор на Аргентина

by
1 минути читање

Тежок беше патот
на Аргентина до пласман на Светското првенство, а уште потежок до
осминафиналната фаза од турнирот во Русија каде со 4-3 беа поразени од
Триколорите кои синоќа во големото финале беа подобри од Хрватска со 4-2, токму
Коцкестите со 3-0 и нанесоа тежок пораз на Аргентина во групната рунда.

Аргентинскиот фудбалски
стручњак Хорхе Сампаоли повеќе не е селектор на Гаучосите, а за тоа стигна и
потврда од тамошната куќа на фудбалот, тој е сменет поради слабите изданија на
неговиот тим на Мундијалот.

Сампаоли беше на
таа позиција 14 месеци, донесуваше тактички одлуки кои беа на момент и
изненадувачки за пошироката фудбалска јавност, а имаше и помалку чуден избор во
селектирањето на списокот за Светското првенство.

Како кандидати за
негов наследник се споменуват Матијас Алмеида и Рикардо Гарека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани