Уругвајскиот
арбитар Нестор Питана за момент се најде во фокусот на вниманието на
целокупната фудбалска јавност по досудениот пенал за Франција во услови кога
резултатот од финалето на Мундијалот помеѓу Франција и Хрватска беше 1-1.
Пеналот дојде по
играњето со рака од страна на Перишиќ во опасната зона на Коцкестите, а Питана
ги прегледуваше снимките од таа ситуација со помош на ВАР технологијата, на
крајот пресуди дека е пенал, а тоа донесе и поделени реакции кај јавноста.
И, не е само таа
ситуација, за многумина спорен е и водечкиот гол на Французиноте, поточно
автогол на Манџукиќ, а додека Гризман го изведуваше слободниот удар во обид да
нафрли во казнениот простор на Хрватите, имаше и втора топка на теренот која
морала прво да биде отстратена .
class="twitter-tweet" data-lang="en">EXTRA BALL???? ON
GRIEZMANN'S FREE KICK?! #extraball
#WorldCupFinal
pic.twitter.com/Rmk63GYamF—
Transfer News Live (@TransfersLlVE) July
15, 2018