Касиљас го критикуваше ВАР, Суарез му се „уфрли“ и порача: Во право си, плус и Погба беше во офсајд… (ФОТО)

by
2 минути читање

Ниту помошта од
повторените снимки која ја имаа судите на ова Светско првенство не помогна за
помалку контроверзии во финалето. Покрај пеналот со кој Франција се врати во водство, спорен е и фаулот врз Антоан Гризман по кој
падна првиот погодок, како и тоа што се чини дека Пол Погба беше во офсајд кога
Марио Манџукиќ си ја смести топката во сопствената мрежа.

За овој момент
свое мислење дадоа многу стручни коментатори, како и поранешни и сегашни
фудбалири, а во целата дискусија влезе и Икер Касиљас.

„Искрено не ја
разбирам употребата на ВАР, судијата досуди фаул над Гризман иако немаше
прекршок. Од таа акција паѓа гол и ништо не се случува“
– напиша легендата на
Шпанија и Реал Мадрид на Твитер.


Набрзо му се
„уфрли“ и Луис Суарез кој продолжи со критиките. Фудбалерот на Барселона
напиша: „Во право си Икер Касљас, плус и Пол Погба беше во офсајд кога се
вклучи во акцијата…“
.

Можеби Пол Погба
не ја удри топката, но се активира со тоа што влегува во воздушен дуел
со Марио Манџукиќ и му ја отежнува работата на напаѓачот да расчисти. И додека ВАР не може
да се користи за обичен прекршок, Питана веројатно можеше на повторена снимка
убаво да ја прегледа инволвираноста на ѕвездата на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани