Вардар со пораз се
враќа од гостувањето кај Пјуник во Ерменија, во првата пресметка помеѓу овие
две екипи во рамките на првото квалификациско коло од Лига Европа, минимален
пораз од 1-0, но активен резултат кој може да се анулира на реваншот во Скопје.
Шефот на
стручниот штаб на црвено-црните, Бобан Бабунски по мечот во Јереван истакна
дека очекувањата дека неговиот состав го очекува тежок натпревар се оствариле,
но, додаде дека тоа било само прв дел од овој двомеч, очекува неговите
избраници да се покажат во подобро издание на реваншот.
„Знаевме дека ќе
биде тешко, знаевме дека не’ чека тешка задача, и така се покажа. Ова е само прв дел од овој двомеч. Се
надевам дека во Скопје ќе се покажеме во подобро издание. Шансите и натаму се
присутни, нема да се предадеме, ќе се обидеме добро да се подготвиме за
реваншот, нормално, посакувам резултат кој ќе не однесе во следната рунда. На
крајот, честитки за Пјуник за победата“ рече вардаровиот тренер.
Реваншот,
македонскиот вицепрвак го игра идниот четврток пред своја публика.