Хрватска ја памети 1998, сака одмазда против Франција, како беше пред 20 години? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кога е се спомене дуел меѓу Хрватска и Франција веднаш се помислува на оној од 1998 година, полуфинале на Светското првенство на кое домаќини беа токму Французите.

Хрватска тогаш имаше исклучително квалитетна репрезентација, Шукер, Бобан, Просинечки, Јарни, Асановиќ, Билиќ… имаа импресивен настап на Мундијалот но сонот за финале го сруши домаќинот и тоа со пресврт.

Хрватска имаше водство со гол на Шукер, но Франција со два гола на дефанзивецот Турам направи пресврт и дојде до победа од 2-1, во финалето го победи Бразил и го освои Светското првенство.

Новите момци на Хрватска предводени од Модриќ и Ракитиќ ја надминаа таа генерација, отидоа чекор повеќе, стигнаа до финалето а пречка до највисокото скалило повторно е Франција. Хрватите ќе имаа можност да ги одмаздат своите поранешни идоли и да направат нешто незамисливо, да го освојат Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани