Франција е првиот
финалист на мундијалот во Русија откако вечерва со 1-0 триумфираше над Белгија.
Килијан Мбапе не се запиша во листата на стрелците, но тинејџерот
импресионираше со неколку потези, особено со додавањето со пета за Жиру.
Младата ѕвезда на
ПСЖ се споменува како еден од кандидатите за „Златната топка“ доколку на
својата земја и го донесе златото. Сепак, Килијан Мбапе не е заинтересиран за
оваа престижна индивидуална награда.
„Немам зборови.
Имам прилично големи соништа, но и во најголемите не го замислував ова. Немам зборови да опишам како се чувствувам“ – вели фудбалерот
по пласманот во финалето.
„Кога нема да
мамиш и ќе работиш за доброто на групата следува награда. Се додека можам да му
помагам на тимот ќе го правам тоа и за мене ова е најважно“.
„Не ме интересира
„Златната топка“, го сакам Светското првенство, сакам да спијам со трофејот!“