Умтити и пресуди на Белгија, Франција е во финалето на Светското првенство! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Франција беше еден од главните фаворити на Мундијалот во Русија и ја оправдува таквата улога, Фрнцузите ќе играат во главниот натпревар на Светското првенство откако вечерва беа подобри од Белгија.

Белгијците имаа одлично Светско првенство и немаше да биде незаслужено ако стигнат до финале, но Франција беше токму за еден гол подобра вечерва.

Првото полувреме главо се играше меѓу двата шеснаесетника. Прва се закани Белгија преку Азар по 15 минути игра, биеше од странична позиција, топката заврши блиску крај голот. Брзо потоа се закани и и Алдервирелд но Лорис го одбрани неговиот удар. 

Франција единствената можност ја имаше во финишот од првиот дел кога Павар шутираше од близина, но Куртоа одбрани.

По шест минути игра во второто полувреме по еден корнер на Гризман, Умтити погоди со глава за водство на Франција од 1-0.

Веднаш по голот Франција нападна уште посилно и имаше шанси за краток период да го реши мечот, Белгија се одбрани а потоа тргна кон изедначување.

Не успеа да создаде многу шанси, најблиску беше Фалаини кој во 65. минута биеше со глава крај голот. Опасен удар имаше и Витсел но право во голманот Лорис.

На крајот Франција заслужено се радуваше на победата и пласманот во финалето каде што ќе го чека подобриот од утрешната битка меѓу Англија и Хрватска. Белгија ќе се бори за третото место со поразениот од тој дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани