105
Мрежите од првото
полувреме од мечот помеѓу Франција и Белгија мируваа, двете репрезентации играа
доста претпазливо и трпеливо ја чекаа својата вистинска шанса.
Сепак, по само
шест минути игра во второто полувреме од мечот во Санкт Петербург, Франција
прва дојде до водство, и тоа со голот на дефанзивецот Умтити кој биеше со глава
по нафрлената топка од корнер од страна на Гризман, беше прецизен во својот
обид, а Куртоа немаше прилика за интервенција во оваа ситуација.