Без голови во првото полувреме, Франција и Белгија со по една посериозна шанса

by
1 минути читање

Франција и
Белгија ја отворија полуфиналната фаза од Мундијалот, а по првото полувреме од
мечот кој се игра во Санкт Петербург немаше голови на обете страни.

Азар ја имаше
првата шанса, и тоа во 16. минута, неговиот обид заврши крај голот на Лорис во
оваа чиста ситуација за отворање на мечот на резултатски план.

Алдервирелд во
22. минута реагираше одлично при еден отпадок во казнениот простор на
Триколорите, биеше од прва од свртување, но Лорис имаше фантастична реакција.

Најзрелата шанса
за гол Франција ја имаше на пет минути пред крајот на полувремето преку Павар,
но неговиот обид не беше баш конкретен по што реакција имаше Куртоа.

Статистиката во
однос на обидите кон голот е на страната на Триколорите, кои имаа десет обиди,
од кои два во рамките, Белгија имаше три, од кои еден заврши во рамките на
голот. Белгијците имаат доминација во однос на поседот на топката со 57%.

Утре се игра и
втората полуфинална пресметка каде силите ќе ги одмерат Хрватска и Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани