Хрватска има тајно оружје во случај Субашиќ да не може против Англија (ФОТО)

by
1 минути читање

Хрватска успеа да го повтори големиот успех од 1998. година во Франција каде стигна до полуфиналето од тогашното Светско првенство, многумина сметаат дека оваа генерација предводена од Ракитиќ и Модриќ може и повеќе, но тоа ќе треба да го докаже против Гордиот Албион.

Атмосферата во таборот на Коцкестите е доста позитивна, па тие преку Хрватскиот фудбалски сојуз се пошегуваа во пресрет на уелот со Англија, „Тајното оружје на Ватрените за полуфиналето со Англија“, напишаа на социјалните мрежи, а на фотографиите кои беа објавени во улога на голман на тренингот се најде напаѓачот Марио Манџукиќ, а сево ова доаѓа по повредата на Даниел Субашиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани