Чорлука смета дека најзаслужен за успехот на Англија е човек кој не е ниту на Светското првенство

by
1 минути читање

Англија игра моќно и по само трет пат во својата историја се пласира во полуфинале на Светското првенство. Фудбалерите на Гордиот Албион беа испратени без големи очекувања, но тие направија нешто кое не можеа изминатите генерации.

Ведран Чорлука смета дека Пеп Гвардиола е еден од најслужните за тоа што Англија игра во Полуфинале.

„Погледнете како игра Англија и ќе видите дека потсетува на Манчестер Сити. Погледнете го Џон Стоунс, па тој често игра со топката во нозете. Едвај го чекам тој натпревар бидејќи и ние и Англија сакаме победа и посед на топката“, вели Чорлука.

„Ги гледавме сите натпревари на Англија на Светското првенство. Се гледа дека имаат голема самодоверба и дека се фантастичен тим. Досега немаа никаков притисок, но сега веројатно ќе им се појави и ќе видиме како ќе реагираат“.

„Ние сакаме да играме против репрезентација како Англија. Имаме брзи играчи и сакаме отворен натпревар, а не меч како оние со Русија и Данска“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани