Легенда на Барселона ќе стане нов селектор на Шпанија?

by
1 минути читање

Лопетеги доби отказ на ден до почетокот на Светското првенство, а негово место само привремено беше назначен Фернандо Јеро. Шпанија беше елиминирана уште во осминафиналето, па федерацијата сега има задача да одбере нов селектор.

Се споменува дека тоа ќе биде Луис Енрике. „Марка“ пишува дека тој е главен фаворит за селекторската позиција, неговото име било предложено на состанокот на Фудбалската федерација на Шпанија.

„Конкуренти му се Кике Санчез Флорес, Мичел, Роберто Мартинез и Виктор Санчез дел Амо, но единствена вистина е дека Енрике е главен фаворит на луѓето од федерацијата и тој би требало да потпише двегодишен договор“, пишува Марка.

Луис Енрике е се она што Шпанците го бараа – домашен тренер, во моментов без разбота, има меѓународно искуство, водел клубови на највисоко ниво и сон му е да ја води репрезентацијата.

Во кариерата беше тренер на Барселона со која во 2015 година ја освои тројната круна. Беше тренер и на Селта и Рома, а ова лето се поврзуваше и со Челси и Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани