Гризман откри зошто не го прослави голот против Уругвај

by
1 минути читање

Франција е прв
полуфиналист на мундијалот во Русија, попладнево „Триколорите“ со 2-0
триумфираа над Уругвај. Антоан Гризман го реши победникот. Напаѓачот најпрво
асистираше за голот на Варан а потоа сам ја затресе мрежата со шут од далечина.
Фудбалерот на Атлетико сепак не се израдува на голот а по крајот на мечот ја
објасни својата постапка.

„Не го славев
голот бидејќи кога ги правев првите чекоро како професионалец, секогаш покрај
мене имав Уругваец кој ме учеше, откривав нови работи, без разлика дали тоа беа
добри или лоши. Исто така имав и пријатели во противничкиот тим, па мислев дека
е најдобро да не го прославам погодокот“
– вели Гризман.

„Имаме состав со
кој можеме да го фрлиме на колена секој противник доколку останеме фокусирани на она што
треба да го правиме. Уругвај е комплициран тим кој ме потсетува на Атлетико. Се
бранат заедно, напаѓаат заедно и тоа е убаво за око. Имам голема почит кон нив“.

Љубовта на
Гризман кон Уругвај започнува пред речиси една декада кога тој дебитира за Реал
Сосиедад под водство на Уругваецот, Мартин Ласарте. Французинот потоа станува и добар
пријател со уште еден Уругваец, Карлос Буено.

Поради нив почнал
да пие Мате чај, станал и фан на Пењарол и ги научил сите навивачки песни. Пријатели од Уругвај има и сега во Атлетико Мадрид, Диего Годин е кум на неговата ќерка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани