Стоунс: Колумбија е највалканиот тим против кого сум играл

by
1 минути читање

Англија се намачи
да обезбеди место во четвртфиналето од Светското првенство во Русија, откако
славеше во дуелот од осминафиналето против Колумбија на пенали.

Дефанзивецот на
Гордиот Албион, Џон Стоунс, говорејќи за таа пресметка, истакна дека Колумбија
е веројатно највалканиот тим против кого играл во неговата кариера, издвои и
некои детали од таа средба.

Веројатно
Колумбија е највалканиот тим против кого сум играл. Кога го добивме пеналот,
тие го заобиколија судијата, го туркаа, па дури и удираа, имаше удар кон
Хендерсон претходно, сигурен сум дека сите го видоа тоа. Постоеа многу работи
кои беа кажани од нивна страна на мечот, а за жал не можевте да ги слушнете,
сите беа работи кои не се вообичаени за еден фудбалски натпревар
“ издвои
Стоунс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани