Судијата кој ја оштети Србија против Швајцарија испратен дома

by
1 минути читање

Германецот во
декември беше прогласен за најдобар судија во светот на „Глоуб Сокер“ наградите
во Дубаи и се посочуваше како еден од можните кандидати за финалето на
Светското првенство.

Но Феликс Брих
нема по добро да го памети мундијалот, според пишувањата на Билд, светската
куќа на фудбалот го испратила дома и го информирала дека повеќе не се потребни
неговите услуги.

Тој во Русија ја
делеше правдата само на еден натпревар, оној контроверзниот помеѓу Србија и
Швајцарија кога реши да досуди прекршок во напад и покрај тоа што дефанзивците
на Швајцарија беа тие кои со боречки зафати се обидуваа да го сопрат Александар
Митровиќ.

Арбитарот не
сакаше ниту да се консултира со ВАР, потег кој дополнително ја разбесни јавноста во Србија а федерацијата поднесе и официјална жалба до ФИФА, која на крајот немаше никаков
ефект.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани