Белгија добро се
помачи за да ја елиминира незгодната Јапонија во осминафиналето од Светското
првенство во Русија, Јапонците имаа водство од 0-2, на крајот го прокоцкаа, па
со гол во 94. минута Белгија триумфираше со 3-2, а нивен следен противник, во
четвртфиналето е Бразил.
Селекторот на
Белгијците, Роберто Мартинез упати честитки до Јапонија, за која смета дека
одиграла солиден меч, додаде дека неговиот тим се соочил со тест на карактерот,
а истиот го положил.
„Му честитам на
тимот на Јапонија, одигра солиден натпревар, не намачи и беше одличен во
контрите. Нашата екипа се најде на тест по карактерот, успеа да го положи. Ја
видовме реакцијата на фудбалерите кои влегоа од клупата, покажавме победнички
менталитет“ рече Мартинез алудирајќи и на фактот што Фелаини и Шадли влегоа од клупата за резервни фудбалери, а обајцата погодија, за 2-2, односно 3-2.
Белгија засега на
турнирот одигра само еден голем меч, и тоа против Англија кој го доби минимално
со 0-1, многумина истиот натпревар го гледаа како „желба за пораз на обете
страни“, поради калкулациите и патот до подалечната фаза на Мундијалот, но
Мартинез вели дека не бара совршенство, туку победи.
„Беше важно само
да отидеме во четвртфиналето, тоа и го сторивме, не бараме совршенство, туку
победи“ додаде селекторот на Белгија.