Капата доле: Јапонците си ја исчистија соблекувалната и оставија порака (ФОТО)

by
1 минути читање

Веќе видовме како
јапонските фанови чистат отпадоци од трибинскиот простор каде беа сместени на
натпреварите од Мундијалот, а аплаузот сега ги собраа фудбалерите на таа
репрезентација.

Јапонија вчера
иако имаше водство од 0-2, на крајот го прокоцка и загуби со 3-2 од големиот
фаворит Белгија во осминафиналето, па со тоа доживеа елиминација од таа фаза на
турнирот.

По мечот, кој го
загубија со гол во 94. минута, од јапонскиот табор си ја исчистија својата
соблекувална, и напишаа „Благодариме“ на руски јазик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани