Нова фризура, стари навики… (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Нема дилеми во
тоа дека Нејмар е еден од најдобрите фудбалери на светот во моментов, но
Бразилецот има некои навики за време на натпреварите кои на големите љубители
на оваа игра воопшто не им се допаѓаат, посебно на оние неутралните.

Бразилецот ја
промени својата фризура по која многумина претходно се потсмеваа, а реакција
имаше и Кантона со шпагети на својата глава, но, навиките на ѕвездата на
Кариоките останаа исти на теренот.

Познато е колку
Нејмар симулира на теренот, тоа го стори на мечот против Србија, малку и
претерано изгледаше сето тоа, откако се превртуваше крај аут линијата, а
симулираше и вчера.

На мечот против
Мексико каде Бразил со победа од 2-0 прогресираше до четвртфиналето од
Светското првенство, Нејмар се превртуваше од болка во една ситуација,
веројатно за да докаже дека Лајун, репрезентативецот на Мексико го згазнал на
ногата, а тој ја земаше топката во тие моменти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани