Легендарниот Шмајхел горд на својот син и на Данска: Останав без зборови…

by
2 минути читање

Данска покажа и
докажа дека може да биде незгоден противник на Хрватска во осминфиналето,
Скандинавците доживеа елиминација во осминафиналето од Светското првенство, но
беа голем залак за Коцкестите кои го потрошија последниот атом за да стигнат до
победа, тоа го сторија по пенал серијата.

Модриќ имаше
меч-топка во второто продолжение, но Шмајхел тогаш спречи пораз за Данска, по
што се премина во изведување удари од белата точка каде одбрани два пенали, но
и тоа не беше доволно за победа, особено беше тешко да се спречи Ракитиќ да
погоди, откако фудбалерот на Барселона доста искусно и смирено го испрати
голманот на Данска на спротивната страна.

Легендарниот
Петер Шмајхел од трибинскиот простор навиваше за  Данска и неговиот син, неговите зборови по
мечот сведочат за тоа колку е тој горд на неговиот син.

Останав без
зборови. Не би можел да бидам повеќе горд од ова, на мојата земја, мојот син,
неговите соиграчи, стручниот штаб и нашиот фантастичен селектор Аге Хареиде.
Кога солзите ќе се исушат, ќе сфатиме колку бевме добри
“ беа зборовите на легендарниот
Шмајхел напишани на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани