Шмајхел: Чудно е, многу сме разочарани, но и многу горди

by
1 минути читање
Шмајхел можеше да биде херој на Данска, му одбрани пенал на Модриќ во продолженијата, одбрани и уште два удари од белата точка во пенал серијата, но ниту тоа не беше доволно за неговата селекција да победи.

 

„Чудно е чувството. Има огромно разочарување но и голема гордост на нашите пеформанси. Имавме шанси и мислам дека бевме подобар тим во второто полувреме. Тешко е да се стават емоциите во зборови во моментов“, изјави Шмајхел по натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани