Испадна и Роналдо, Уругвај е во четвртфиналето! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Единсон Кавани е херојот на Уругвај, постигна два гола за победа над Португалија и ја однесе својата земја меѓу осумте најдобри во светот.

Натпреварот почна возбудливо, во седмата минута Суарез центрираше, а Кавани погоди со глава за водство на Уругвај од 1-0.

Португалија се обидуваше да израмни, но тешко создаваше шанси, Уругвај играше одлична, пожртвувана и дисциплинирана одбрана која не може лесно да се пробие.

Но тоа успеа да го направи Пепе по десет минути игра во вториот дел, по еден центаршут, дефанзивецот скокна највисоко и ја смести топката во голот на Уругвај за израмнување на 1-1.

Само седум минути траеше нерешениот резултатот, на сцена повторно стапи Кавани кој постигна прекрасен гол за водство од 2-1 кое беше и конечен резултат.

Единсон Кавани поради повреда предвреме го заврши натпреварот, ако се работи за нешто сериозно, негово неиграње против Франција би бил голем хендикеп за Уругвај.

На крајот Уругвај заслужено се радуваше на победата со која обезбеди пласман во четвртфиналето каде ќе се сретне со Франција која претходно ја совлада Аргентина со 4-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани