Бразил и Мексико
ќе ги одмерат силите во осминафиналето од Светското првенство во Русија, така
одлучи вкрстувањето на групите, а се очекува интересен меч кој е предвиден да
се одигра во понеделник со почеток од 16 часот.
Селекторот на Мексико,
Хуан Карлос Осорио смета дека најголемата опасност кон неговиот тим не доаѓа од
Нејмар, туку од Кутињо за кого упати пофални зборови, тој смета дека фудбалерот
на Барселона има огромна улога во играта на Кариоките.
„Тите ме запраша
кого го сметам за негов најдобар фудбалер, јас му реков Кутињо. Никој не се
сомнева во талентот кој Бразил го поседува во нападот, со Вилијан, Даглас
Коста, Нејмар… Но, мислам дека разликата кој ја прави на теренот е Кутињо,
тој е фудбалер кој игра насекаде во средината, или нешто понапред од тоа“ смета
селекторот на Мексико.
„Кутињо е играч
на кого треба да обрнеме посебно внимание, тој е според мене многу важен во
играта на Бразил“ додаде тој.