Марадона имаше
контроверзно однесување за време на мечот против Нигерија кој Гаучосите го
добија со 2-1 и со тоа изборија место во осминафиналето каде денес ќе се
сретнат со Франција.
Легендата на
фудбалска Аргентина и општо пошироко, имаше чудно и на моменти непристојно
однесување на трибинскиот простор каде беше сместен, покажуваше среден прст, и
разни други гестикулации кои очигледно воопшто не им се допаднаа на челниците
од ФИФА.
„Играчите кои
помогнале да се напише историјата на фудбалот треба да играат важна улога.
Диего Марадона е еден од најголемите имиња кои се појавиле во улогата на
промоција. Очекуваме од сите актуелни, поранешни фудбалери, стручни штабови,
помошен персонал, навивачи, да се однесуваат пристојно и да имаат почит кон
другите“ изјави извршниот шеф на ФИФА за Светското првенство во Русија, Колин
Смит.
Марадона инак е
дел од програмата „Легендите на СП“, воедно е амбасадор на ФИФА од која добива
и плата од 12.000 евра плус патни трошоци.