Сампаоли проговори за моментот кога го праша Меси дали да го стави Агуеро во игра

by
2 минути читање

Аргентина во
последното коло од групната фаза дојде до толку посакуваната победа против
Нигерија, а истата ја обезбеди со потешкотии, Рохо погоди во завршницата за
2-1, а претходно Меси донесе почетно водство за Гаучосите.

Токму првата
ѕвезда на Гаучосите беше уловен од страна на камерите во една чудна
конверзација со селекторот,
Сампаоли го запраша дали да го стави Агуеро во игра, а ова наиде на критики од фудбалската јавност која се запраша кој е
всушност селектор на таа репрезентација, Сампаоли се одзва по ова прашање.

Се сеќавам на
тој момент од мечот, но, се што ќе им кажам на моите фудбалери е лично и нема
да откријам што сум кажал
“ рече тој.

Се работи за тоа
како се карактеризира тој момент. Ние имавме неколку опции во нападот и јас
само комуницирав со него  дека ќе употребиме
една од стратегиите кои ги подготвувавме
“ додаде Сампаоли.

Чудната конверзација помеѓу Сампаоли и Меси погледнете ја – ТУКА.

Аргентина денес
со почеток од 16 часот игра против Франција во првата осминафинална пресметка
од Светското првенство во Русија, подобриот од оваа пресметка во четвртфиналето
ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Уругвај и Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани