86
Германија е
огромното изненадување на Светското првенство во Русија од групната фаза, но во
негативна конотација, Панцирите во групата каде освен нив сместени беа уште и
Шведска, Мексико и Јужна Кореја, завршија на последното место, со само една
победа, онаа со гол во самиот финиш против Шведска, и ништо повеќе од тоа.
Месут Озил се
најде на удар на германската фудбалска јавност, исто како и останатите негови
соиграчи, а тој се огласи по дебаклот кои го доживеаа Панцирите на
големиот фудбалски турнир.
„Да се замине од
Светското првенство уште во групната фаза боли премногу. Ние едноставно не
бевме доволно добри. Ќе ми биде потребно време за да го надминам ова“ напиша
Озил на социјалните мрежи.