Иранскиот Меси се опрости од репрезентацијата на 23 година: Ја бирам мајка ми!

by
1 минути читање

Иранците беа дочекани како херои во својата земја иако не ја поминаа групната фаза. Тие завршија пред Мароко и покажаа одлична игра, а храброста и борбеноста која ја покажуваа ги воодушеви жителите на оваа земја.

Но, не сите во Иран беа задоволни, некои навивачи тешко ја поднесоа елиминацијата, па распукаа со погрдни зборови кон фудбалерите, посебна мета беше Сардар Азмун. Тој смета дека тоа е причината поради која неговата мајка повторно се разболела, па решил веќе да не игра за репрезентацијата.

„Ми беше чест да играм за репрезентацијата, ќе бидам горд на тоа до крајот на животот. За жал, и покрај целиот интерес кој го има и спротивно на она што моето срце го сака, решив да и кажам збогум на репрезентацијата на својата земја. Ова е најтешката одлука за 23-годишник кој дојде до неа со многу потешкотии“, напиша Азмун на својот инстаграм профил.

„Мајка ми победи тешка болест и бев многу среќен поради тоа. Но поради злобата на некои луѓе и навредите упатени кон мене и кон соиграчите кои никако не ги заслуживме, нејзината болест се врати и стана сериозна. Тоа ме доведе до тешка позиција во која морав да избирам, или репрезентацијата или мајка ми. Ја одбрав мајка ми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани