Познато е како
Аргентина стигна до осминафиналето од Светското првенство во Русија каде утре
во таа фаза од турнирот ќе ги одмери силите со Франција.
Гаучосите со
голот на Рохо обезбедија виза за елиминационата фаза, голот за радост на
фановите на Аргентина се постигна во 86. минута, а една доста интересна
ситуација имаше на трибините во моментот кога Меси во 14. минута донесе почетно водство за Аргентина.
Редарка сакаше да
му го провери билетот на еден аргентински навивач кој стоеше на скалите од трибината,
видно возбуден и во желба неговата репрезентација да постигне гол, до тоа
дојде, а редарката доби и помалку очекувана реакција од него.
Дефинитивно, редарката го погреши моментот кога да му го провери билетот…