Фан на Аргентина купил билети за елиминационата фаза, но направил голема утка!

by
2 минути читање

Аргентина едвај
успеа да избори место на Светското првенство во Русија, а едвај избори и место
во елиминационата фаза откако со победа над Нигерија во самата завршница од
средбата со 2-1 дојде до второто место во групата „Д“, каде прва и
неприкосновена заврши Хрватска со максимални три бода и само еден гол примен во
својата мрежа.

Еден голем
навивач на Гаучосите, кој очигледно не ја крие својата љубов кон фудбалот,
особено кон селекцијата на Аргентина, го напуштил своето работно место и
направил многу, барем како што и самиот вели, за да се најде на Светското
првенство во Русија и да ја бодри својата репрезентација, но неговите очекувања
биле толку големи, што направил и една голема утка.

Тој бил убеден
дека Аргентина ќе заврши на првото место во својата група и од таа позиција ќе
патува со елиминационата рунда на Мундијалот, па купил билети токму за таа „рута“
на Гаучосите во елиминационата фаза, но, до тоа не дојде, па, засега единствено
му преостанува да ги посетува натпреварите, или натпреварот на Хрватска, првиот
е предвиден против Данска.

Аргентинскиот
навивач не се откажува, вели дека и би крадел, доколку е тоа неопходно, за да
ја гледа својата репрезентација и да ја бодри од трибините. Инаку, тој има и
билет за финалето, па ќе чека и чудо на Меси и неговите соиграчи.

Имав само едно
очекување, во однос на групната фаза Аргентина да заврши како прва во својата
конкуренција, таа заврши на второто место, нешто што не очекував. Заминувам за
Казан утре,  доколку треба да украдам, ќе
украдам, но морам да бидам на тие натпревари. Се откажав од моето работно
место, направив многу работи за да дојдам тука. Сега ќе направам се
што е можно за да се најдам во Казан“ рече
тој.

Утре во Казан, со почеток од 16 часот Франција и Аргентина играат мега пресметка во рамките на осминафиналето од Мундијалот во Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани