Колумбија избори
место во осминафиналето од Светското првенство откако заврши на првото место во
групата „Х“ каде за ривали ги имаше Јапонија, која исто прогресираше, како и
Сенегал и Полска.
Но,
јужноамериканската репрезентација се соочува со еден голем проблем во пресрет
на дуелот со Англија во осминафиналето, неизвесен за настап е Хамес Родригез,
кој беше заменет уште во 31. минута во победата против Сенегал, и тоа поради
повреда.
Постои
загриженост кај селекторот Хосе Пекерман кој истакна дека нема информации,
барем засега, за тоа колку е таа повреда сериозна, а јасно е дека Колумбија ќе
биде во голем хендикеп доколку игра без својот најдобар фудбалер во тимот.
„Јас сум премногу
загрижен, ова е тешка ситуација за мојот тим. Не сакав да зборувам на оваа тема
на пресконференцијата, сето тоа ќе засенеше се’ што се случи. Немам информации колку е тешка
повредата, Хамес беше во целост рехабилитиран, се надевам дека ќе чуеме
позитивни резултати по завршување на прегледите“ рече Пекерман.
Колумбија и
Англија својот меч го играат во вторник, а победникот од таа пресметка ќе ги
одмери силите во четвртфиналето против подобриот од дуелот помеѓу Шведска и
Швајцарија.