Белгија ја победи Англија и тргна по потешкиот пат (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Белгија и Англија истрчаа со вторите состави, натпреварот не беше на висина на она што првично се очекуваше од овие репрезентации, но барем имаше победник.

Прогонозите пред мечот беа дека и двете селекции ќе сакаат да го избегнат првото место бидејќи тоа носи потежок кон финалето. Ако го поминат осминафиналето ќе играат против Бразил или Мексико, за разлика од оној кој би бил втор, тој во евентуалното четвртфинале би го добил подобриот од дуелот меѓу Швајцарија и Шведска.

Белгија беше поконкретна, одлучи да не калкулира, со убав гол на Јанузај во 51. минута дојде до победа од 1-0 и го одбра потешкиот пат.

Англија најголемата шанса ја имаше преку Рашфорд кој излезе еден на еден со Куртоа, но биеше крај неговиот гол.

Во вториот натпревар Тунис со 2-1 ја совлада Панама во борбата за избегнување на последната позиција.

Панама поведе во 33. минута откако несреќниот Мериах го промени правецот на топката и си постигна автогол. Во тие моменти Панама се израдува дека можеби ќе ја забележи првата, историска победа на Светските првенство, но тоа не се случи.

Во второто полувреме Тунис изедначи најпрво преку Бен Јосеф, а потоа со гол на Казри направи комплетен пресврт и дојде до победа од 2-1.

Белгија со девет бода го освои првото место во групата Г, Англија е втора со шест бода, Тунис трет со три, и Панама последна без бодови.

Во осминафиналето Белгија ќе игра против Јапонија, а Англија со Колумбија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани