Душекот на кој спиел бил многу мек, докторот на Бразил го откри виновникот за повредата на Марсело

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Реал Мадрид, синоќа едвај издржа 10 минути против Србија. Марсело се пожали на
болки во грбот уште на стартот и за кратко време со солзи во очите го напушти
теренот и се пресели право во соблекувалната.

По повредата на
левиот бек се огласи докторот на Бразил, Родриго Ласмар кој објасни дека мекиот
душек на кој спиел играчот веројатно е виновен за маката која ја има Марсело.

„Прарано е да се
даваат прогнози. Можам само да кажам дака добро одговори на третманот и
лекарствата кои му ги дадовме во соблекувалната“
– вели првиот човек на
лекарскиот тим на „Кариоките“.

„Повредата веројатно е резултат на меките душеци во хетелот. Има лош `рбетен
столб. Ќе треба да почекаме ден или два да видиме како ќе реагира на третманот.
Најважно е тоа што нема повреда, се работеше за грч во мускулите на грбот.
Веднаш штом ќе се чувствува подобро ќе може да почне со тренинг и веднаш да
се врати во составот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани